Плејмејкерот на Оклахома, Расел Вестбрук го запиша изминатава ноќ 15-от „трипл-дабл“ во сезоната, во победата на Тендер над Хјустон дома од 11-107.
Одличниот организатор на играта го предводеше својот тим со 21 поен, 13 скока и 15 асистенции, и така стигна до 34-от „трипл-дабл“ во кариерата и 15 оваа сезона. Последен пат во најсилната кошаркарска лига се случило играч да дојде до најмалку 15 „трипл-даблови“ во една сезона пред 27 години кога во 1989 година кога Меџик Џонсон имаше 17 вакви остварувања, а најдобриот играч на сите времиња Мајкл Џордан истата сезона имаше 15.
Оклахома ја продолжи битката за што подобра позиција пред плеј-офот. Во моментов се наоѓа на третата позиција со скор од 49 победи и 22 порази зад неприкосновените Голден Стејт и Сан Антонио. Во победата над Хјустон поефикасен од него беше само Кевин Дурант со 23 поени и седум скока. Се истакнаа уште резервистите Дион Вејтерс со 17 поени, Серж Ибака со 15 поени и осум скока, како и Енес Кантер со 10 поени и 10 скока. На спротивната страна, Џејмс Харден заврши со 24 поени, седум скока и дури 16 асистенции.
Во преостанатите три меча одиграни синоќа, Мајами славеше на гостувањето против Њу Орлеанс со 113-99, Шарлот го победи Бруклин со 105-100, додека ЛА Лејкерс дома славеа против Мемфис со 107-100.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)