| четврток, 6 декември 2018 |

Ја полил со бензин и ја запалил

Во гевгелиското село Миравци, сопруг ја запалил сопругата. Таа е во критична состојба, а лекарите се борат за нејзиниот живот

g_ogannЈа полил сопругата со бензин и ја запалил. 50 годишниот Драган С. од гевгелиското село Миравци, попладнево околу 14:30 по расправија ја полил својата сопруга, 43 годишната Жаклина со бензин и ја запалил, информираат од МВР.

Со возило на итна медицинска помош, жената веднаш била префрлена во Медицинскиот центар во Гевгелија каде лекарите се уште се борат за нејзиниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top