| четврток, 6 декември 2018 |

Продавач во трафика бил двапати прободен затоа што се спротивставил на разбојник

napad so noz kaj caircanka

Скопјанец вработен во трафиката „Бенетон“ вчера бил ранет со нож од страна на непознат разбојник.

Се работи за З.П. од Скопје, кој  вчера бил на смена во трафиката  „Бенетон“ на булеварот Теодосиј Гологанов, во скопската населба Тафталиџе кога околу 14 часот непознат маскиран разбојник влегол и се обидел од касата да ги украде парите од дневниот промет.

Храбриот продавач се обидел да го спречи крадецот во намерата, но тој извадил нож и двапати го прободел продавачот во вратот, по што го напуштил местото на настанот.

Ранетиот скопјанец бил забележан од муштерија кој влегол во трафиката и веднаш бил пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар.

Полицијата трага по сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top