| четврток, 6 декември 2018 |

Терористички напади се планирале и во Германија?

tero

Осомничениот организатор на нападите во Париз, Салах Абдеслам, кој беше уапсен во петокот во Брисел, планирал терористички напади и во Германија, пренесува денеска берлинскиот весник „Тагешпигел“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, висок претставник на службите за безбедност за весникот тврди дека терористичката мрежа што ги спровела нападите во Париз, била создадена за да изврши напади и во други европски земји вклучително и во Германија.

Според експертот, париската група би можела да биде една од трите групи кои биле формирани од Исламската држава (ИД) со цел да вршат напади во западна Европа.Една од трите групи била уништена за време на напад на американски авиони на градот Рака во Сирија, а втората ги извршила нападите во Париз во кои загинаа 130 луѓе.

За Абдеслам е потврдено дека неколку дена пред нападите во Париз патувал во Германија од каде преземал тројца членови на ИД кои биле регистрирани како бегалци. Подоцна дел од нив биле дел од групата која учествувала во нападите во француската престолнина, а дел требало да учествуваат во други терористички напади во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top