Белгиската фудбалска репрезентација денеска нема да тренира поради нападите што се случија утринава во Брисел.
Според последните информации 13 луѓе загиаа во координирани напади на аеродромот Завентем и во подземните железници.
– Нашите мисли се со жртвите. Фудбалот денеска не е важен. Тренингот е откажан – стоеше на официјалниот профил на „Твитер“ на белгиската фудбалска репрезентација.
Белгија следниот вторник треба да одигра пријателски натпревар со Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.