| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција истрага за летокот со кој бегалците во Идомени се повикуваат илегално да влезат во Македонија

epa05211562 Migrants from a camp near Idomeni village, cross the river trying to find alternative ways to cross the Greek-Macedonian border, near Idomeni, northern Greece, 14 March 2016. Hundreds of migrants stuck at the closed Greek-Macedonian border have left the camp to seek other ways to enter Macedonia. Greece has registered in its territory more of 44,000 migrants trapped due to entry restrictions already imposed by Macedonia in recent months, by denying entry to all those who are considered economic migrants, prohibiting the passage of Afghans, and finally denying entry to all Syrians and Iraqis who are not from combat areas. EPA/NAKE BATEV

Обвинителката од грчкиот Врховен суд, Ефтерпи Коцамани, му наложи на јавното обвинителство во Солун да почне прелиминарна истрага за потеклото на летокот кој се делел меѓу бегалците и мигрантите во кампот во Идомени, со кој се повикуваат илегално да ја преминат границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Според некои извори, Коцамани побарала од обвинителите да ги пронајдат одговорните за печатење и за дистрибуција на летокот во кампот за бегалци на границата меѓу Грција и Македонија, што охрабри неколку стотици луѓе да се обидат да влезат во Македонија преку помалку обезбедени делови покрај границата. Напишан на арапски, летокот содржи инструкции, вклучувајќи и мапа и насоки за алтернативен пат по кој може да се премине границата.

Министерствата за правда и за цивилна заштита претходно испратија информации собрани од страна на грчката полиција во врска со потеклото на летокот, во рамките на процедура со која требаше да се утврди дали треба да има прелиминарна судска истрага.

Коцамани побарала од солунските обвинители да испитаат дали има докази за формирање случај против лица одговорни за кривични дела поврзани со нелегално организирање влез, престој и социјална интеграција на државјани на трети земји во Грција, како и загрозување на со закон утврдените пријателски односи на Грција или на нејзините сојузници со странска држава или нивно ставање во ризик од одмазда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top