Обвинителката од грчкиот Врховен суд, Ефтерпи Коцамани, му наложи на јавното обвинителство во Солун да почне прелиминарна истрага за потеклото на летокот кој се делел меѓу бегалците и мигрантите во кампот во Идомени, со кој се повикуваат илегално да ја преминат границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.
Според некои извори, Коцамани побарала од обвинителите да ги пронајдат одговорните за печатење и за дистрибуција на летокот во кампот за бегалци на границата меѓу Грција и Македонија, што охрабри неколку стотици луѓе да се обидат да влезат во Македонија преку помалку обезбедени делови покрај границата. Напишан на арапски, летокот содржи инструкции, вклучувајќи и мапа и насоки за алтернативен пат по кој може да се премине границата.
Министерствата за правда и за цивилна заштита претходно испратија информации собрани од страна на грчката полиција во врска со потеклото на летокот, во рамките на процедура со која требаше да се утврди дали треба да има прелиминарна судска истрага.
Коцамани побарала од солунските обвинители да испитаат дали има докази за формирање случај против лица одговорни за кривични дела поврзани со нелегално организирање влез, престој и социјална интеграција на државјани на трети земји во Грција, како и загрозување на со закон утврдените пријателски односи на Грција или на нејзините сојузници со странска држава или нивно ставање во ризик од одмазда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција