По две и полгодишна пауза од дресот на фудбалската репрезентација Македонија, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, и официјално денеска се врати најдобриот тим.
Пандев го прифати повикот на селекторот Игор Ангеловски да биде дел од тимот кој во наредните ноколку дена ќе одигра два контроилни, пријателски натпревари против Словенија и Бугарија.
Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Џенова им се приклучи на останатите репрезентативци кои од денеска се во Копер, каде в среда од 18 часот ќе ги одмерат силите со репрентацијата на Словенија.
За Пандев кој за Македонија досега има одиграно 75 меча и постигна 26 голови, ова ќе биде прв настап во црвено-жолтиот дрес, по мечот со мечот со Велс (11 октомври 2013 година) во рамките од квалификации за СП во Бразил, по што струмичанецот го пропушти целиот евроквалификациски циклус за Евро 2016 во Франција.
Враќањето на Пандев пред македонската јавност ќе биде вториот пријателски меч со Бугарија закажан за 29 март на арената „Филип Втори’’ во Скопје, на која за последен пат настапи на дуелот против Шкотска на 10 септември 2013.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.