| четврток, 6 декември 2018 |

Тим Хауард заминува од Евертон по цели десет години

tim hauard

Искусниот голман на Евертон, Американецот Тим Хауард, ќе го напушти овој клуб после цели десет сезони, а според медиумите од Англија следен предизвик за него ќе биде МЛС – лигата. Тој веќе постигнал тригодишен договор со Колорадо рапидс, и на крајот на оваа сезона и официјално ќе стане член на овој клуб.

– Поминав одлични години во Евертон, и време е за нов предизвик. Колорадо е тим со големи амбиции, и тие знаат што е да се биде победник, а јас со големо нетрпение го очекувам овој нов предизвик во мојата кариера. Засекогаш ќе останам навивач на Евертон – изјави Хауард.

37-годишниот голман од 2005 година е на голот на „карамелите“, и досега одигра вкупно 412 натпревари. За репрезентацијата на САД бранеше на 106 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top