Непознат маж попладнето се разнесе со бомба во слаткарница во центарот на Белград, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Според весникот „Блиц“, експлозијата се случила во 12.38 часот, а бомбашот-самоубиец по се изгледа бил единствениот настрадан. Улицата веднаш била затворена за сообраќај, а на местото на настанот има голем број полицајци.
Првичните информации велат дека неидентификуваниот маж влегол во слаткарницата, ги избркал сите што во моментот биле внатре, а потоа легнал на подот и се разнел.
Станува збор за позната белградска слаткарница која била во сопственост на поранешен министер за култура и советник на премиерот за култура.
Во непосредна близина на слаткарницата има банки, пекарници, неколку локали за брза храна и пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија