| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Белград: Маж се разнесе со бомба во слаткарница

belgrad bombas

Непознат маж попладнето се разнесе со бомба во слаткарница во центарот на Белград, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Според весникот „Блиц“, експлозијата се случила во 12.38 часот, а бомбашот-самоубиец по се изгледа бил единствениот настрадан. Улицата веднаш била затворена за сообраќај, а на местото на настанот има голем број полицајци.

Првичните информации велат дека неидентификуваниот маж влегол во слаткарницата, ги избркал сите што во моментот биле внатре, а потоа легнал на подот и се разнел.

Станува збор за позната белградска слаткарница која била во сопственост на поранешен министер за култура и советник на премиерот за култура.

Во непосредна близина на слаткарницата има банки, пекарници, неколку локали за брза храна и пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top