Миа Неговетиќ ја воодушеви Хрватска во музичкото натпреварување „Ѕвездички“, а сега ја освои и Америка со фантастичен настап во шоуто на Ен – би – си кај познатите водители Стив Харви и Елен Деџенерис.
-Тинјеџерка од Хрватска растури како ја отпеа песната на Бијонсе – напишале продуцентите на шоуто за видеот на Мија кое е поставено на „јутјуб“ и е издвоено како еден од најдобрите моменти на вечерта.
Миа со својот глас моментално ја освои публиката, а колку емоции се собрале во неа сведочат и солзите кои не успеала да ги задржи по настапот.
-Многу сум возбудена, не можам да верувам – низ солзи признала Миа.
– Звучи фантастично, колку моќен глас! А што е најдобро изгледа и се однесува токму како што 13 годишно девојче би требало да изгледа и да се однесува. Пристојна, скромна, прекрасна…Браво и за нејизните родители, е само еден од илјада коментари кои Американците ги пишуваат за миа на социјалните мрежи и „јутјуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)