| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазил седумгодишно дете и побегнал – полицијата трага по злосторникот

Вчера во 13.00 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна незгода во која автомобил „пасат“ со албански регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во седумгодишно дете од с.Врапчиште, по што го напуштило местото на настанот.

Детето било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата, како и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top