Пари сен Жермен во минатото коло и дефинитивно ја обезбеди титулата во францускиот шампионат, па синоќа ниту дербито против Монако на „Паркот на принцовите“ не ги инспирираше избраниците на Лорен Блан. „Светците“ загубија од Монако со 0-2, а тоа е прв пораз на домашен терен за овој тим по пауза од цели две години. ПСЖ имаше серија од 34 натпревари без пораз дома, се до синоќешниот дуел со „кнезовите“.
Истовремено, француските статистичари открија дека ПСЖ немал пораз од 0-2 на домашен терен од 2014 година, кога со овој резултат загубил од Сент Етјен.
Иако фановите на ПСЖ се надеваа дека тимот оваа сезона би можел да освои фантастични 100 бода во шампионатот, сепак, тоа по вчерашниот меч е веќе неостварливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.