Македонскиот чувар на мрежата Борко Ристовски продолжува со одличните настапи во Лигата на шампионите, што му донесоа место во идеалниот тим од првите осминафинални средби од елитното европско натпреварување во ракомет. Ристовски беше одличен на голот на Рајн-Некар Левен на гостувањето во Загреб, носејќи му на својот тим значајна победа на жешкиот терен во Хрватска, а за своите одлични одбрани Македонецот беше награден и со епитетот најдобар голман оваа рунда во ЛШ.
ТИМ НА КОЛОТО
Голман: Борко Ристовски (Некар Левен)
Лево крило: Уве Генсхајмер (Некар Левен)
Лев бек :Михал Јурецки (Киелце)
Среден бек: Марко Тарабокија (Висла Плоцк)
Десен бек: Јохан Јакобсен (Фленсбург)
Десно крило: Златко Хорват (Загреб)
Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем)
Покрај тоа, Ристовски уште еднаш се најде и во топ-листата од пет најдобри голмански одбрани. Македонскиот репрезентативец го освои четвртото место со спречениот контранапад на Загреб, а на првата позиција се најде Матијас Андерсон од Фленсбург.
Најдобрите пет голмански интервенции во изминатиот викенд можете да ги проследите на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.