Миленикот на женската популација ширум регионот ќе му каже збогум на ергенскиот живот.
Имено како што пренесува магазинот „Хело“ кантавторот Владо Георгиев кон крајот на август или почеток на септември ќе стане татко. Наследникот на заколнатиот ерген ќе му го подари манекенката Милица Самарџија.
Владо и 14 години помладата Милица се запознале пред три години на снимањето на неговиот спот за песната „Искрено“ каде таа глумеше. Од тогаш со неколку прекини трае нивната љубов која годинава ќе им го донесе и првото дете на идните родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.