| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија Дортмунд со пресврт дојде до трите бода (видео)

Борусија Дортмунд ја продолжува трката за шампионската титула во Германија со Баерн Минхен, откако славеше на гостувањето против Аугсбург во 27. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ до победата од 1-3 стигнаа со пресврт, откака Аугсбург прв поведе со голот на Финбогасон во 16. минута. Пресвртот го најави Мкхитарјан со гол во 45. минута, а потоа во второто полувреме погодија и Кастро во 69. минута и Рамос во 75. минута за конечен триумф од 1-3.

Со новите три бода, Борусија Дортмунд сега има 64 бода, пет помалку од водечкиот Баерн Минхен. На третата позиција е Херта со 48 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top