| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Фудбалски канибал во Ливерпул

Во последниот инцидент на фудбалерот Луис Суарез, играч на Ливерпул, ја гризна раката на одбранбениот играч на Челси на дуелот меѓу двата клуба во неделата.

Судиите го забележаа овој крајно неспортски и бизарен акт на уругвајскиот интернационалец и веднаш досудија пенал и жолт картон за него, што му овозоможи водство на Челси.

Ова не е прв ваков инцидент на Суарез. Додека играше за холандски Ајакс, тој во 2010 година го гризна за рамото одбранбениот играч на ПСВ Ајдховен, Отман Бакал.

Суарез на крајот од мечот се извини. Тој беше најзаслужен зашто Ливерпул извлече реми (2:2) со Челси во овој дуел – го даде изедначувачкиот гол во последните моменти од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top