Без поголеми проблеми Јувентус со 1-4 ја доби градската пресметка против Торино во 30. коло во Серија А.
„Црно-белите“ комплетно доминираа на теренот уште во првото полувреме стекнувајќи се со предност од 0-2, по која веќе се навести победникот на дуелот.
Погба во 33. минута го донесе Јувентус во водство, а Кедира во 42. минута зголеми на 0-2. Откако Белоти од пенал во 48. минута намали на 1-2, потоа следеа уште два погодоци на Мората во 63. и во 76. минута, за конечни 1-4.
Поради неспортски однос, во 87. минута од натпреварот Кедира заработи и директен црвен картон.
Фиорентина не успеа да дојде до триумф, ремизирајќи без голови на гостувањето против Фросиноне. Гостинска победа запиша и Карпи од 1-2 против Верона, како и Киево против Сампдорија.
Резултати Серија А 30.коло:
Аталанта – Болоња 2-0
Фросиноне – Фиорентина 0-0
Верона – Карпи 1-2
Сампдорија – Киево 0-1
Торино – Јувентус 1-4
Сасуоло – Удинезе 1-1
Наполи – Џенова (18 ч.)
Милан – Лацио (20:45 ч.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)