Ливерпул прокоцка предност од 0-2 по првото полувреме на гостувањето против Саутемптон во 31. коло од Премиер лигата, и на крај загуби со 3-2 во неверојатно второ полувреме кое го имаа домашните фудбалери.
Кутињо во 17. минута, и Стариџ во 22. минута, донесоа брзо водство за „црвените“ од 0-2. Но, во второто полувреме Саутемптон пружи далеку поквалитетна игра па успеа да стигне до целосен пресврт.
Најпрво, откако Мане во 49. минута не успеа да реализира удар од белата точка, истиот играч погоди во 64. минута за намалување на 1-2. Во 83. минута Пеле израмни на 2-2, а Мане со својот втор гол на дуелот во 86. минута донесе неверојатна пресврт победа.
На вториот попладневен натпревар, Њукасл, под водство на Рафа Бенитез, ремизираше (1-1) со Сандерленд на „Сент Џејмс парк“. Сандерленд прв дојде до водство со голот на Дефо во 44. минута, а Митровиќ израмни во 83. минута од средбата. Со ова реми Њукасл останува во битката за опстанок со само еден бод зад Сандерленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.