| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните сакаат програма и дела, а не деструкции и лажни ветувања

вмро

Огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е очекувана, велат граѓаните. Според нив, резултатите од анкетата на „Павел Шатев“ покажуваат дека проектите се она што на народот му е важно и дека СДСМ без програма уште долги години нема да добие доверба.

Граѓаните велат и дека СДСМ освен што нема програма, е партија водена од политичари со матно минато, партија која бркала луѓе на улица за да се збогатуваат само нејзините челници.

Како една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ се уште ужива огромна доверба кај граѓаните, тие го наведуваат отворањето на нови работни места.

Граѓаните преку социјалните мрежи ги соопштуваат причините за тоа зошто СДСМ има толку низок рејтинг и зошто тие немаат доверба во партијата која е 10 години во опозиција.

Еве само дел од нивните ставови:

став2

став3

став4

став5

 

 

Резултатите од анкетата на „Павел Шатев“ се уште една потврда дека деструктивните политики не носат резултати затоа што граѓаните веруваат во реални проекти.

Новата анкета на институтот „Павел Шатев“ уште еднаш покажа дека граѓаните имаат далеку поголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ.

Поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија својот глас на предвремените парламентарни избори на 5 јуни би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а за иден премиер би го избрале Никола Груевски, велат резултатите од последната анкетата на институтот „Павел Шатев“, која е спроведена помеѓу 13 и 15 март 2016 година.

слика

избори

Предноста на Груевски пред Заев е уште поизразена. Дури 52.3 проценти од испитаниците би го избрале Груевски за иден премиер. 19.01 отсто сметаат дека владата може да ја предводи Зоран Заев.

Во истражувањетона Павел Шатев  кое било спроведено на ниво на Република Македонија, биле опфатени сите шест изборни единици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top