| четврток, 6 декември 2018 |

Бегање од избори нема- теренски ќе се проверат 15.000 адреси во рамки на роковите

izbori-21Откако ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата и се согласи да се проверат сите гласови за кои СДСМ тврдеше дека се сомнителни, тие повторно го напуштија ДИК, бидејќи немаа друг аргумент да ги кочат процесите.

Теренски ќе се проверуваат околу 15.000 адреси со што целосно ќе се тргне сомнежот дека постојат нерегуларности во избирачкиот список, како што тоа го тврди СДСМ.

На терен ќе се проверуваат околу 100.000 лица и сето тоа ќе биде спроведено во рамки на роковите.

Со тоа, нема повеќе никаков простор за сомнеж, зошто сите адути на СДСМ се истрошени. Од избори бегање нема и истите се договорени за 5-ти јуни.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата и се согласи да се проверат сите гласови за кои СДСМ тврдеше дека се сомнителни, тие повторно го напуштија ДИК, бидејќи немаа друг аргумент да ги кочат процесите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше гостин во дневникот на Сител каде јасно порача дека фантомски гласачи во Македонија немало, нема и нема да има.

-СДСМ се во хаос пред пораз. По толку напори и валкани игри, ставање на располагање на сили да дојдат на власт, сфаќаат дека се разобличени и дека ќе го имаат истиот пораз како во 2014-та година. Сега бараат алиби да го оправдаат поразот, а тоа е создавање на привид дека којзнае што се случува со списоците.Сега дека ги чека пораз по таква година ипол каква што им приредија на македонските граѓани. Вчера, како што сум информиран, го тероризираа ДИК со закани, укажувања дека ќе напуштат со цел да издејствуваат поголема бројка на гласачи кои ќе бидат проверени да изгледа дека сомнежот е голем. Ако треба реално со вкрсутвање на евиденции да се проверат 10.000, тие сакаат тоа да биде 100.000, 500.000. Тоа е создавање на привид кој ќе им обезбеди алиби, прво пред изборите пак да одложат, а нема да успеат. И второ ако дојдат на избори да имаат алиби. Ова многу ќе ги чини. Колку е поголема бројката на луѓе кои ќе ги проверуваат, поголем зијан за нив. Тоа се чесни луѓе кои си гласаат по закон, а некој ќе им тропа на врата и ќе ги распрашува. Тоа дополнително ќе влијае на нивниот рејтинг, тие ги множат граѓаните со нула. Фантомски гласачи во Македонија немало, нема и ќе нема, порача Груевски.

Владејачката партија, пак, вчера испрати посебно соопштение во кое порача дека СДСМ ако сака може да проверува и над еден милион лица, но со истите тие ќе се соочи на изборите на 5-ти јуни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top