Препукувањата од минатата сезона меѓу најдобрите мотоциклисти на денешницата продолжуваат и на стартот од новата. По контроверзниот финиш на минатата сезона и судирот на Валентино Роси со шпанскиот клан во Мото ГП шампионатот, новата сезона во очекување на денешната трка за Големата награда на Катар вчера беше отворена со нов судир меѓу Роси и актуелниот шампион Хорхе Лоренцо.
Тимските колеги се судрија на официјалниот тренинг во пресрет на денешната трка. Роси се бореше да дојде до што побрзо време кога на еден свиок налета на Лоренцо кој, се чини, намерно забави.
– Излезе од боксот без гледање во моментот кога јас наидов, па морав да забавам. Кога погледнав во него да ми објасни што прави, не само што не се извини туку ми покажа и знак кој во превод може да значи ’кој к.. сакаш’. За иста работа јас минатата година бев казнет, што потоа имаше и влијание на расплетот на сезоната – истакна Роси.
Но, и Роси, при вчерашниот судир со слична гестикулација му врати на Лоренцо.
– Не знам што зборува Роси. Излегов од боксот според пропозициите. Не требаше веројатно да му се тргнам од патеката, па да одам на тревата? Ништо сериозно не се случи – рече Лоренцо, кој на крајот ја освои пол-позицијата пред трката во Катар која почнува денеска од 19 часот. Роси ќе стартува од петтата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)