| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден пешак од Скопје, го удрила „Опел Астра“

по

Пешак од Скопје е тешко повреден откако во него удри возило „Опел Астра“, соопшти полицијата.

Несреќата се случила вчера попладне околу 15 часот, на улицата „Тодор Чангов“. Возилото со кое управувал Г.Ѓ. (40) од село Долно Лисиче, директно удрило во Б.С. (30) од Скопје кој здобил фрактура на левата потколеница и на левиот скочен зглоб, по што е пренесен и задржан на лекување во ГОБ „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР­Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top