Доминацијата на Формула 1 тимот Мерцедес, продолжува и во новата сезона. На првата трка која се возеше на патеката Алберт Парк за ГН на Австралија, победник е Нико Розберг, а зад него се пласираше актуелниот шампион Луис Хамилтон.
Двата пилоти на Мерцедес по обратен редослед ја стартуваа трката, но лошиот старт кој го имаше Хамилтон кога падна на шестото место го искористи Германецот за конечен триумф.
Возачите на Ферари Фетел и Раиконен, имаа извонреден старт преземајќи ги водечките позиции, но нивниот ритам беше запрен по тешкиот инцидент на Фернандо Алонсо во 17-от круг.
Кими Раиконен, по откажувањето на моторот, мораше да ја заврши трката во 23-от круг, а по тешката несреќа на Фернандо Алонсо, кој се заби во заштитниот ѕид, и повторениот старт, двајцата возачи на Мерцедес се вратија на водечките позиции. Нико Розберг го презеде водството пред Хамилтон и успеа да го сочува до крајот.
Фетел се обиде единствено да го загрози Хамилтон и да стигне до второто место, но направи грешка на два круга пред крајот, по што остана еден-два победата за Мерцедес, а Фетел заврши на третото место.
На четвртата позиција заврши Даниел Рикаирдо од Ред Бул, петти беше возачот на Вилијамс, Фелипе Маса, а шести Роман Грожан. На седмата позиција трката ја заврши Нико Хулкенберг од Форс Индија, осми – Валтери Ботас од Вилијамс, Карлос Сајнц од Торо Росо на деветтата позиција а на десеттото место неговиот клупски колега Макс Верстапен.
Ова беше четврта победа во низа за Розберг вклуувајќи ги и последните три од минатогодишниот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.