Астрономски пролет во северната хемисфера оваа година настапи денеска во 5.30 часот. Тоа е и денот на пролетната рамноденица, кога должината на денот е еднаква на ноќта. Периодот од почетокот на астрономски пролет до почетокот на следната астрономска пролет е еднаков на една тропична година и изнесува 365, 24219 деноноќија. Во светот е прифатената календарска систем заснован на т.н.. “Грегоријански календар”. Според календарот на одреден начин се вртат обични години 365 дена и интерполиран по 366 дена во кои дополнителниот 29 февруари ја компензира акумулираната разлика. Ова е направено за погодност, но е и причината датумот на пролетта рамноденица да е различна секоја година – варира помеѓу 20 март, 21 или 22 март за северната хемисфера.
Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути минути.
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала доумерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени.
Пролетта ќе трае до 21 јуни во 00 часот и 35 минути кога календарски започнува летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.