| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер се поблиску до титулата, голот на Махрез злато вреден (видео)

Лестер направи уште еден значаен чекор кон историска титула во Премиер-лигата откако „лисиците“ попладнево славеа на гостувањето против Кристал палас со минимални 0-1. Во меч во кој одиграа како многу пати досега сезонава, пресуден беше само еден единствен потег, голот на Махрез кон средината на полувремето, по одличната асистенција на Варди.

Големи заслуги за победата има и голманот Шмајхел, но мора да се истакне дека Лестер имаше и многу среќа во самата завршница, кога ударот на Дилејни во 92. минута заврши само во гредата од голот на лидерот на табелата.

Челси одигра уште еден потпросечен натпревар, едвај спасувајќи бод на домашен терен против Вест хем. Гостите два пати доаѓаа во предвност преку Ланзини и Керол, но Фабрегас беше спасителот на актуелниот првак со два гола, по еден во финишот од секое полувреме, првиот од слободен удар, а вториот од пенал.

 

Лестер по оваа победа сега има вкупно 66 бода, пред Тотенхем со 58 и Арсенал со 55 бода, со тоа што двата лондонски клуба имаат и натпревар помалку во однос на избраниците на Клаудио Раниери.

Резултати Премиер лига 31.коло:

Евертон – Арсенал 0-2, Челси – Вест Хем 2-2, Кристал палас – Лестер 0-1, Ватфорд – Стоук 1-2, ВБА – Норвич 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top