Најмалку пет лица загинаа, а 36 груги други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад на главната шопинг улица во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за здравство Мехмед Муизиноглу.
Како што јави ДПА, нападот се случи на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници, меѓу кои се и бутици на познати домашни и странски брендови.
Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, меѓу загинатите при експлозијата е и бомбашот-самоубиец.
Муизиноглу инфромира дека меѓу поврдените во нападот има 12 странски државјани, но не ја посочи нивната националност.
Претходно, се огласи израелското Министерство за надворешни работи кое соопшти дека меѓу ранетите во нападот има тројца државјани на Израел,
Полицијата го блокира реонот околку местото на нападот, кој се случи околу 11 часот по локално време (10 часот по средоневропско време) пред влезот на еден трговски центар.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но анонимен висок претставник на турските безбедносни служби соопшти дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека тој е извршен од страна на Курдската работничка партија (ПКК) или група поврзана со неа.
Тој посочи и дека нападот најверојтно требало да се случи на друга локација, но бомбашот-самоубиец пред време го активирал експлозивот што го носел на себе, кога бил пресретант од полицајци.
Турските власти неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за зголем број терористички напади.
Набрзо по нападот се огласи и германското Министерство за надворешни работи, кое им препорача на државјаните на Германија што се наоѓаат во Турција, да не излегуваат од хотелите и преку медиумите да го следат развојот на настаните.
Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара на 13 март, при кој загинаа 37 лица. Одговорност за овој напад презеде групата Соколи за слободата на Курдистан (ТАК), која е формирана од отпадници од Курдската работничка партија (ПКК).
Во сличен напад минатиот месец во Анкара, за кој одговорност исто така презеде ТАК, загинаа 30 лица.
Во јануари пак на плоштадот „Султан Ахмет“ во Истанбул, при бомбашки напади извршен од припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), загинаа 12 странски туристи, од кои ннајголемиот број Германци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул