| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини: Ми недостасува англискиот фудбал

Mancini

Роберто Манчини признава дека му недостасува англискиот фудбал. 51-годишниот италијански стратег четири години го водеше Манчестер сити со кого во 2012 година стана и шампион на Англија, а по успешната епизода на Островот се одлучи да се врати во Интер.

– Го сакам англискиот фудбал, ми недостасува. Го сакам и мојот Манчестер сити, а втор омилен тим ми е Лестер во чии редови играв. Сити веројатно нема да ја освои титулата, но искрено се надевам дека тоа ќе биде Лестер затоа што навистина ми се допаѓа како играат сезонава“ – вели Манчини, потсетувајќи се на неговите денови во Лестер.

– Овој Лестер ме потсетува со тој тогаш. И ние имавме фантастичен среден ред во тој период. Клубот отсекогаш го красел одличен натпреварувачки дух, и феноменална атмосфера меѓу самите играчи. Тоа, ми се чини, и сега е најсилното оружје на Лестер – дополни Манчини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top