Деструкцијата на СДСМ и нивната хаотичност добива невидени размери. Последните информации говорат дека СДСМ ја напуштила ДИК бидејќи тие доживеале студен туш откако со аргументи се потврдило дека бројката која треба да се допреверува на лица со право на глас е за неверојатни четири ипол пати помала од таа што ја прокламираа СДСМ во јавност. Откако на ниту еден разумен начин не можеле да поентираат во ДИК и откако на сите им станало јасно дека она што членовите на СДСМ во ДИК го прават е небулозно и се судира со здравиот разум, тие пробале да прават трговија со членовите Aлбанци во комисијата.
Непристојниот предлог на СДСМ бил Aлбанците да гласаат за предлогот на СДСМ иако тој бил целосно неиздржан, а за возрат членовите на СДСМ во ДИК да подржат да нема проверки кај гласачите Aлбанци каде не се поклопуваат податоците, што во основа е дискртиминаторски и незаконски предлог. За упатените ова е јасен доказ за подлоста и некоректноста на игрите на СДСМ.
Нашите информации говорат дека Заев доживеал вистински студен туш откако пресметките покажале дека неговата бројка на наводни фантомски гласачи е нереална и измислена. Тој даде изјава која слободно според експретската јавност се толкува како гаф дека наводно имало петстотини илјади фантоми гласачи во Македонија. Тоа од никој не беше сфатено за сериозно, и беше оценето за апсурден обид на СДСМ да внесе забуна и да произведе нова манипулација. Заев свесен дека не му поминува, денес ги повикал на итен состанок членовите на СДСМ од ДИК кои потоа драматично го промениле однесувањето при работата на изборната комисија. Имено тие на состанокот во ДИК претходната вечер кој траел до 1 часот по полноќ ги прифатиле реалните бројки кои се неколкупати помали од оние кои Заев ги презентираше во јавноста, но на состанокот со Заев на кој била и Шекеринска тие биле остро прекорени и добиле насока на целосна опструкција.
Тоа се покажало денеска при што членовите од СДСМ во ДИК не само што го промениле мислењето, туку и буквално дивееле, агресивно и хаотично се однесувале, фрлале тефтери, викале по своите колеги и навредувале. Нивната цел и целта на Заев е да претстави што е можно поголема бројка на таканаречени фантомски гласачи со цел да создаде алиби за претстојниот извесен пораз. Втората цел е преку деструкција и внесување на хаос и аграсија по секоја цена да има одложување на изборите. Ваквите чекори на големо ја откриваат манипулацијата на СДСМ и стравот од изборен пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот