| четврток, 6 декември 2018 |

Ко­ле Ан­ге­лов­ски, актер и режисер: „Со­лун­ски па­тр­дии“ е фе­но­мен што не се об­јас­ну­ва

Го­це То­до­ров­ски ги има оди­гра­но си­те прет­ста­ви на „Со­лун­ски па­тр­дии“ и тоа е ку­ри­о­зи­тет. То­гаш се оде­ше во те­а­тар, во ки­но, на кон­цер­ти, се оде­ше на ме­ста ка­де што се слу­чу­ваа ра­бо­ти­те. Се­га сѐ е на те­ле­фон, ду­ри не е ни на комп­ју­тер, ве­ли Ан­ге­лов­ски

Прет­ста­ви­те на ре­жи­се­рот Ко­ле Ан­ге­лов­ски (73) ги гле­да­ле по­ве­ќе од два ми­ли­о­на лу­ѓе. Зна­чи си­те нас­ме­а­ни си за­ми­на­ле по прет­ста­ви­те, со уба­во чув­ство. Ан­ге­лов­ски е актер,  те­а­тар­ски и филм­ски ре­жи­сер и сце­на­рист, пи­са­тел и рас­ка­жу­вач, ре­жи­сер на најг­ле­да­на­та прет­ста­ва во Драм­ски те­а­тар „Со­лун­ски па­тр­дии“, ко­ја има офи­ци­јал­ни 335 из­вед­би за 29 го­ди­ни, а со го­сту­ва­ња­та број­ка­та си­гур­но е пре­ку 400. Вто­ра­та вер­зи­ја на „Со­лун­ски па­тр­дии“ Ан­ге­лов­ски ја на­пра­ви пред три го­ди­ни и ве­ќе се бли­жи кон 50. из­вед­ба. Не­ма ре­жи­сер кој ра­бо­тел по­ве­ќе прет­ста­ви во Драм­ски од не­го, а во не­го­ва­та би­о­гра­фи­ја е за­пи­ша­но де­ка играл во нај­ска­пи­те фил­мо­ви во исто­ри­ја­та на ју­гос­ло­вен­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја. Глу­ме­ње­то во филм отсе­ко­гаш му при­чи­ну­ва­ло ра­дост, а ре­жи­ра­ње­то во те­а­тар огром­но за­до­волс­тво. Тој е ре­жи­сер на „Ви­кенд на мр­тов­ци“, еден од култ­ни­те фил­мо­ви. Има пре­ку 20 уло­ги во те­а­тар и по­ве­ќе од 40 уло­ги на филм. До­бит­ник е на нај­го­ле­ми­те те­а­тар­ски и др­жав­ни на­гра­ди. Ле­у­но­во е не­го­ви­от ми­кро­кос­мос. На 18 април тре­ба да поч­не со сни­ма­ње на ед­на филм­ска ко­ме­ди­ја, „Ах, љу­бов мо­ја“. Со оваа прет­ста­ва бе­ше отво­рен Те­а­тар Ко­ме­ди­ја и по неа Ан­ге­лов­ски на­пра­вил сце­на­рио. Со иста­та еки­па од прет­ста­ва­та ќе го сни­ма и фил­мот.

Или ли ре­жи­сер кој ра­бо­тел по­ве­ќе прет­ста­ви од Вас во Драм­ски те­а­тар?

АН­ГЕ­ЛОВ­СКИ: Не­ма. Имам ре­жи­ра­но 36 прет­ста­ви во Драм­ски. Во пен­зи­ја оти­дов во 2008 го­ди­на и от­то­гаш ре­жи­рав две – „Со­лун­ски па­тр­дии“ и „Ка­пе­та­нот Џон Пипл­фокс“. Че­ти­ри­е­сет и де­вет го­ди­ни кон­ти­ну­и­ра­но по­ми­нав во Драм­ски, по­ми­ну­вај­ќи ги си­те фа­зи на те­а­та­рот. Ту­ка сум од по­че­то­кот, ко­га се спо­и­ја Кук­ле­ни­от те­а­тар и гру­па акте­ри кои пре­ми­наа од Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар во Драм­ски те­а­тар. Сло­бод­но мо­же да се ка­же де­ка тоа бе­ше актер­ски­от врв на МНТ. Се на­пра­ви ја­дро на обра­зо­ва­ни лу­ѓе. Со ед­на ге­не­ра­ци­ја на на­ви­сти­на та­лен­ти­ра­ни лу­ѓе кои поч­наа по­и­на­ку да мис­лат и по­и­на­ку да пра­ват прет­ста­ви од тоа што бе­ше МНТ. Ка­ко до­а­ѓаа но­ви ге­не­ра­ции акте­ри, Драм­ски те­а­тар ста­ну­ва­ше сѐ по­мо­ќен те­а­тар. По­тоа дој­де Сло­бо­дан Ун­ков­ски и Го­ран Сте­фа­нов­ски со не­го­ви­те тек­сто­ви, по­тоа Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, Ди­ми­три­ја Ос­ман­ли, па поч­наа да до­а­ѓа­ат ре­жи­се­ри од странс­тво. Пе­ри­о­дот ме­ѓу 70-ти­те и 80-ти­те го­ди­ни од 20. век Драм­ски та­тар бе­ше во „шпи­цот“ и тоа во ју­гос­ло­вен­ски рам­ки. То­гаш, ка­де и да се по­ја­вев­ме, се­ка­де зе­мав­ме на­гра­ди.

Прет­ста­ва­та „Со­лун­ски па­тр­дии“ е ле­ген­да не са­мо на Драм­ски те­а­тар, ту­ку и по­ши­ро­ко. Си­гур­но има мно­гу анег­до­ти по­вр­за­ни со неа.

АН­ГЕ­ЛОВ­СКИ:„Со­лун­ски па­тр­дии“ е на­ви­сти­на еден фе­но­мен кој е те­шко да се об­јас­ни. Мно­гу е бит­но де­ка има огром­на раз­ли­ка ме­ѓу она вре­ме, пред по­ве­ќе од 30 го­ди­ни ко­га „Со­лун­ски па­тр­дии“ бе­ше прв­пат по­ста­ве­на и се­га. Го­це То­до­ров­ски ги има оди­гра­но си­те 335 прет­ста­ви во Драм­ски те­а­тар на „Со­лун­ски па­тр­дии“ и тоа е ку­ри­о­зи­тет. То­гаш се оде­ше во те­а­тар, во ки­но, на кон­цер­ти, се оде­ше на ме­ста ка­де што се слу­чу­ваа ра­бо­ти­те. Се­га сѐ е на те­ле­фон, ду­ри не е ни на комп­ју­тер. На те­ле­фо­ни се гле­да­ат фил­мо­ви, што има но­во во те­а­три­те. Тоа е огром­на раз­ли­ка што не мо­же да се спо­ре­ду­ва. Жен­ска­та вер­зи­ја на „Со­лун­ски па­тр­дии“ е нај­кон­стант­на­та прет­ста­ва што јас сум ја на­пра­вил. Еве, ве­ќе 50 прет­ста­ви се оди­гра­ни и уште по­стои ра­дост и ком­пакт­ност на ан­сам­лот и тоа по­себ­но ми пра­ви ќеф. Ние имав­ме сре­ќа да жи­ве­е­ме за нас, во тоа среќ­но вре­ме, ко­га на др­жа­ва­та ѝ бе­ше мно­гу важ­но да се нат­пре­ва­ру­ва. Не­ве­ро­јат­но е, но Скоп­је во тоа вре­ме бе­ше еден го­лем кул­ту­рен цен­тар. Ту­ка го­сту­вал Оскар Пи­тер­сен, еден од трој­ца­та нај­го­ле­ми џез-пи­ја­ни­сти. Го­ле­ми му­зич­ка ими­ња од кла­сич­на­та му­зи­ка го­сту­ваа ту­ка. Мо­сков­ски­от те­а­тар, те­а­три од Фран­ци­ја, Анг­ли­ја до­а­ѓаа кај нас. Де­нес, ако дој­де не­кој на МОТ, среќ­ни сме. Во тоа вре­ме умет­но­ста бе­ше на дру­го ни­во.

Kole Angelovski 02 (Custom)

За ме­не про­би­те би­ле ра­дост. Ако ве­ќе са­ка­ме да пра­ви­ме не­што, то­гаш да го на­пра­ви­ме уба­во, на си­те да ни но­си за­до­волс­тво, зо­што да има­ме ка­вги?

 

По­крај тоа што сте во пен­зи­ја, има­те мно­гу со­ли­ден кон­ти­ну­и­тет во ра­бо­та­та, во ре­жи­ра­ње­то, во пи­шу­ва­ње­то те­а­тар­ски прет­ста­ви, сце­на­ри­ја. Од ка­де таа енер­ги­ја?

АН­ГЕ­ЛОВ­СКИ: Јас та­ка жи­ве­ам цел жи­вот. Ста­ну­вам ра­но, пред да одам да ра­бо­там, сед­ну­вам на комп­ју­тер и пи­шу­вам, час или два. Пре­ве­ду­вам, пи­шу­вам ко­ме­дии, сце­на­ри­ја, и тоа ми е на­чин на жи­вот. Имам пре­ве­де­но по­ве­ќе од 50 тек­ста за те­а­тар­ски прет­ста­ви кои прв­пат се пре­ве­де­ни на ма­ке­дон­ски ја­зик.

Вре­ди ли чо­век да се за­ни­ма­ва со оваа ра­бо­та?

АН­ГЕ­ЛОВ­СКИ: Вре­ди. Со по­кој­ни­от Бран­ко Ѓор­чев, не­по­сред­но пред не­го­ва­та смрт, се­дев­ме во не­го­ва­та кан­це­ла­ри­ја. То­гаш ја под­го­тву­вав жен­ска­та ва­ри­јан­та на „Со­лун­ски па­тр­дии“. И тој ми ве­ли: Зна­еш, ти за­ви­ду­вам ка­ко жи­ве­еш и на­чи­нот на кој жи­ве­еш“. Од­мол­чев мал­ку и му од­го­во­рив де­ка сѐ е ли­чен из­бор. На по­че­ток на ка­ри­е­ра­та мо­ра да има не­кој гос­под да те ви­ди во тол­па на­род и да те из­ва­ди. По­тоа, сè што пра­виш, е твој ли­чен из­бор. Та­ка јас го из­брав жи­во­тот и имав сре­ќа. За­вр­шив ака­де­ми­ја, се вра­бо­тив во Драм­ски та­тар, сни­мав се­рии. Имав бо­гат и ис­пол­нет жи­вот и плус ме пла­ќаа за тоа. Го ра­бо­тев тоа што го са­кав, а за тоа до­би­вав па­ри. По­у­ба­во од тоа, здрав­је!

Да­ли тоа што го сра­бо­те­вте во овие пет и пол де­це­нии ве пра­ви горд чо­век?

АН­ГЕ­ЛОВ­СКИ: За­до­во­лен сум. Не знам да­ли сум горд. Сум имал и го­ле­ми прет­ста­ви, но и по­мал­ку до­бри. Јас сум мај­стор. За ме­не про­би­те би­ле ра­дост. Ако ве­ќе са­ка­ме да пра­ви­ме не­што, то­гаш да го на­пра­ви­ме уба­во, на си­те да ни но­си за­до­волс­тво, зо­што да има­ме ка­вги? Се­ко­гаш сум са­кал прет­ста­ви­те што сум ги пра­вел да им при­ре­дат ра­дост и на акте­ри­те и на пуб­ли­ка­та.

Да­ли де­нес не­до­сти­га да се жи­вее за те­а­тар?

АН­ГЕ­ЛОВ­СКИ: Мно­гу не­до­сти­га. Лич­но, сме­там де­ка не е во ред Ун­ков­ски, кој ги има до­не­се­но нај­го­ле­ми­те на­гра­ди во Драм­ски те­а­тар, се­га да не ра­бо­ти во те­а­та­рот. Прем­но­гу се отво­ри­ја тез­ги. Де­нес не мо­жеш да се­диш на про­ба без акте­ри­те да гле­да­ат во те­ле­фо­ни­те. Ба­рем 20 го­ди­ни Драм­ски има­ше акте­ри кои беа ѕвез­ди и лу­ѓе­то до­а­ѓаа спе­ци­јал­но са­мо нив да ги гле­да­ат поч­ну­вај­ќи од Дра­ган Спа­сов Дац, Де­јан Ли­лиќ, Је­ле­на Жу­гиќ, Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец Але­ксиќ, да не ги спом­ну­вам Да­ди, Ме­шко, Го­це, Ван­чо… Де­нес на про­би­те се до­а­ѓа ед­на ми­ну­та по­ред по­че­то­кот, по­ра­но се до­а­ѓа­ше нај­мал­ку по­лов­на час или 40 ми­ну­ти пред про­ба­та. Те­а­тар без би­фе не е те­а­тар. По­себ­но во Драм­ски. Од ко­га јас па­ме­там, сѐ ле­ген­ди би­фе­џии го во­деа би­фе­то во Драм­ски. Тие лу­ѓе му да­ваа ду­ша на те­а­та­рот. По­ло­ви­на прет­ста­ви се на­пра­ве­ни во би­фе. „Глум­ци­те пе­ат“ на­ста­на во би­фе.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top