| четврток, 6 декември 2018 |

Лауш со последен поздрав до Николиќ: Прости ми Гаго

Aктерот Жарко Лаушевиќ, упати емотивен последен поздрав до својот долгогодишен пријател и колега, Драган Никоќ.

Г како Големиот Белград, А гласно како Азбука, како почеток, Г како Господин, А како Антологија на шармот, мерата и вкусот  напиша Лаушевиќ и на несекојдневен начин опиша каков шок и тага кај него предизвикала веста за смртта на великанот на југословенскиот театар и филм, Драган Николиќ.

Тој додава и дека оваа состојба е како некој да фрлил атомска бомба врз Белград, бомба која оставила трајни последици.

Штета која никој не може да ја надополни и надомести – пишува Лауш.

Тој додава дека сите биле среќни во негово друштво, секогаш весел и насмеан, уживаа во неговите досетки, беа навистина привилегирани.

Извини што те издавам Гаго, но не познавам друг човек кој беше како тебе и како Милена кој толку делел и давал. Љубов за себе и сите околу. Наше е само она што им го даваме на другите од нас. Да, тоа го рече еден голем Христијанин, но е за тебе. Прости ми Милена, прости ми Гаго – завршува Лаушевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top