Aктерот Жарко Лаушевиќ, упати емотивен последен поздрав до својот долгогодишен пријател и колега, Драган Никоќ.
– Г како Големиот Белград, А гласно како Азбука, како почеток, Г како Господин, А како Антологија на шармот, мерата и вкусот – напиша Лаушевиќ и на несекојдневен начин опиша каков шок и тага кај него предизвикала веста за смртта на великанот на југословенскиот театар и филм, Драган Николиќ.
Тој додава и дека оваа состојба е како некој да фрлил атомска бомба врз Белград, бомба која оставила трајни последици.
– Штета која никој не може да ја надополни и надомести – пишува Лауш.
Тој додава дека сите биле среќни во негово друштво, секогаш весел и насмеан, уживаа во неговите досетки, беа навистина привилегирани.
– Извини што те издавам Гаго, но не познавам друг човек кој беше како тебе и како Милена кој толку делел и давал. Љубов за себе и сите околу. Наше е само она што им го даваме на другите од нас. Да, тоа го рече еден голем Христијанин, но е за тебе. Прости ми Милена, прости ми Гаго – завршува Лаушевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две години од смртта на Драган Николиќ: Неговата неутешна Милена објави трогателен некролог
-
Некој му ги извадил очилата: Повторно оксвернавен споменикот на актерот Драган Николиќ (фото)
-
Жарко Лаушевиќ: Ноќта кога ме уапсија, кај себе го имав сценариото за „Пред дождот“
-
На 6 октомври Жарко Лаушевиќ гостин на фестивалот „Киненова“