| четврток, 6 декември 2018 |

Во село Баланци: Жена починала откако ја искасапиле кучиња скитници

Глутница кучиња скитници, претпладне, во селото Баланци, општина Центар Жупа, нападнале и до смрт изгризале жена на околу 58 годишна возраст.

romanija kucinja 2

Според жител на селото жената била нападнат додека фрлала отпад, на селска депонија. Веднаш била пренесена во Општата болница во Дебар, каде што починала.

На местото на настанот се врши увид, а телото ќе биде дадено на Судска медицина заради обдукција. Од Секторот за внатрешни работи најавија детали за подоцна.

Жителите на ова и другите села се жалат на масовно присуство на кучиња скитници.

Инаку, во инфективното одделение при Општата болница во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во просек годишно евидентирани се до 80 каснувања од куче, но ова е прв ваков случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top