Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека ги смета за шпекулации сите информации во медиумите во врска со наводни резултати од вкрстените проверки.
Љупка Гугучевска, советник во ДИК, изјави дека се очекува до утре да заврши дополнителната проверка на податоците од вкрстената анализа и дека се до официјалното усвојување на Извештајот од страна на ДИК ќе ги сметаат за шпекулации и дезинформации сите информации објавени во медиумите.
Веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже јавна седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот