| четврток, 6 декември 2018 |

Данска е најсреќната земја во светот, Македонија на 95. место

happy

Скандинавската нација од 5.6 милиони луѓе по втор пат ја освојува титулата за најсреќна земја во светот, откако започна мерењето на среќата низ светот во 2012 година.

Среќата се мери врз основа на различни фактори: здравјето на луѓето, пристапот до медицинска нега, семејните односи, безбедноста на работното место и социјалните фактори како што е политичката слобода и степенот на корупција на власта.

Според резултатите од истражувањето кое го објави Организацијата на обединети нации (ООН) Македонија е на 95. место, од вкупно 156 земји каде што било спроведено истражувањето.

Зад Данска, следи Швајцарија, а потоа се Исланд, Норвешка, Финска, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.

Кнуд Кристенсен, 39 годишен социјален работник знае зошто неговите сонародници се среќни – тие се чувствуваат сигурно во земјата со малку природни катастрофи, малку корупција и отсуство на драстични настани.

Немаме грижи. И ако се грижиме за нешто тоа најчесто е времето. Дали денес ќе врне, дали ќе биде облачно или дали ќе биде студено, вели Кнуд.

Скандинавската нација од 5.6 милиони луѓе по втор пат ја освојува титулата за најсреќна земја во светот, откако започна мерењето на среќата низ светот во 2012 година. Среќата се мери врз основа на различни фактори: здравјето на луѓето, пристапот до медицинска нега, семејните односи, безбедноста на работното место и социјалните фактори како што е политичката слобода и степенот на корупција на власта.

Мал број на луѓе се жалат за високите даноци, а за возврат тие имаат корист од системот за здравствена заштита кадешто секој има слободен пристап до општ доктор и болници. Даноците исто така ги покриваат трошоците за училишта и универзитети, а на студентите им се даваат месечни грантови до 7 години.

Многумина не се загрижени ако ги изгубат своите работни места или се разболат, бидејќи државата ги поддржува.

Џефри Сакс, од Универзитетот Колумбија, еден од истражувачите позади извештајот, вели дека среќата и благосостојбата треба да бидат на агендата на секој народ.

Данците немаат големи очекувања за тоа што прават или што им се случува. Човечката благосостојба треба да се негува преку холистички пристап кој ги комбинира економските, социјалните и еколошките цели, вели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top