| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто девериците се облекуваат во исти фустани?

Знаете ли зошто деверицитие, доколку ги има, носат исти фустани на  венчавка?

4348c685053f1fb4b1fe059dc7bbc465

Тој обичај е роден во антички Рим, а исти  фустани не  носеле само девериците туку  и невестата. Причината за тоа било да се „скрие невестата“ односно да не биде јасно која е вистинската невеста. Причина? Ова ќе ве изненади.

Во тоа време постоело верување дека секој среќен настан ги повикува лошите духови, а оваа „измама“ со девериците требало да обезбеди доволно „збунетост кај лошите сили“ за да вистинскиот младоженец и невестата  имаат доволно време да ги изговорат заветите еден на друг. Овој трик би требало да ги измами и поранешните партнери кои можеле поради скршено срце да се обидат да ја спречат венчавката. Неколку девојки кои изгледаат исто како невестата лесно може да ги збунат  другите и да „купат“ малку време додека не се открие која е онаа вистинската.

d1cf279ff6754933ca146d60118aa55e

Денес девериците носат исти фустан само од традиционални причини, но доколку помислите дека вашите најблиски пријателки или членови на семејството се покрај вас како лична стража,  добивате  некоја нова слика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top