Во претпоследниот осминафинален дуел меѓу Барселона и Арсенал во реваншот на „Камп Ноу“, каталонскиот гигант славеше рутински со 3-1.
Во 65. минута уругвајскиот итернационалец Луис Суарез успеа да погоди еден многу тежок удар во второто полувреме и да го доведе својот тим во водство од 2-1 на асистенција на Дани Алвеш. Тоа беше еден од најдобрите голови во досегашните натпревари од Лигата на шампионите оваа сезона.
– Навистина не знам како погодив, едноставно ми легна топката и ја шутнав на прва. Мило ми е што одигравме комплетен натпревар и што победивме иако Арсенал се закани дека може да ни ја загрози победата. Вакви натпревари некогаш знаат да бидат многу незгодни, но ние не дозволивме изненадување – изјави Суарез.
Сепак, иако вели дека не е свесен за својот потег, Уругваецот многу често во двете сезони во Барселона знаел да погоди на ваков начин. Лани против Леванте и Гетафе, а оваа сезона против Сосиедад тој постигна слични спектакуларни голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)