
Вардар одигра нерешено (30-30) во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч со полскиот вицешампион Висла Плоцк на теренот на противникот.
За разлика од минатата сезона кога во оваа иста фаза Вардар загуби со високи шест гола разлика, овој натпревар иако далеку со послаб состав бидејќи во Полска тренерот Раул Гонзалес не можеше да смета на тројцата повредени леви бекови, Лазаров, Горбок и Деревен, македонскиот тим стигна до поволен резултат пред реваншот во Скопје за десет дена.
Натпреварот изобилуваше со бројни пресврти и големи осцилации кај двата тима пред се поради слабите одбрани, но на крај можеби нерешениот резултат е реален епилог.

Првото полувреме започна во водство на Вардар кое траеше се до 5-4 кога шпанскиот тренер на клупата на Висла, Кадењас побара тајмаут. Тоа вроди со плод и со два брзи гола Висла поведе и ја одржуваше предноста се до крајот на овој дел од мечот кој заврши со резултат 16-14 за домаќините.
Вториот дел започна со гол на Ракотеа за водство на Висла од три разлика, но од тогаш Вардар влезе во прпознатлив ритам, особено во одбраната, а во овој период од 15 минути се разбрани и Арпад Штербик кој фати неколку тешки удари кон неговиот гол. Нападот делуваше беспрекорно со серија голови, на Брумен, Карачиќ, Македа и Тоскиќ.

Тоа значеше и водство на Вардар кое беше изразено и со четири голови разлика 30-26 на три минути до крајот. Во завршницата дојде до мало опуштање, па „црвено-црните“ непотребно му дозволија на домаќинот да се врати, приближувајќи се до 29-30. Манасков промаши пенал во последната минута, по што Полјаците со гол со звукот на сирената на Тарабокија израмнија на 30-30.
Карачиќ беше најефикасен кај Вардар со шест гола, пред Циндриќ со пет и Дибиров со четири погодоци.
Реванш натпреварот меѓу Вардар и Висла ќе се игра на 26 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


