Облечена во црн фустан, холивудската ѕвезда Анџелина Џоли денеска околу пладне се појави во кампот за бегалци на атинското пристаниште Пиреја, пишува „Утрински весник“. Американската актерка, која е амбасадор на канцеларијата на високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) ја пречека четиричлено семејство од Авганистан. Тие и’ се пожалија дека сакаат, но не можат да го продолжат патувањето. Само еден момент подоцна, таа беше опкружена од стотици мигранти, кои имаа желба да ја допрат, или, пак, да се фотографираат со неа. Џоли беше трогната од приказната на 12-годишно дете, кое на англиски јазик и’ раскажуваше за досегашното патешествие, а неговите сестри и’ подарија рачно изработена нараквица.
„Помогни ни, Анџелина“, довикуваа бегалците додека таа си заминуваше.
Првично се очекуваше актерката да оди во посета на островот Лезбос, каде што има најголем дел од бегалците кои пристигнуваат директно од Турција во Грција, меѓутоа во последен момент плановите се сменија и таа продолжи кон Идомени за да ја увиди ситуацијата и условите во кои живеат речиси 15.000 бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.