| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли наместо на Лезбос, дојде меѓу бегалците во Пиреја (галерија)

Облечена во црн фустан, холивудската ѕвезда Анџелина Џоли денеска околу пладне се појави во кампот за бегалци на атинското пристаниште Пиреја, пишува „Утрински весник“. Американската актерка, која е амбасадор на канцеларијата на високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) ја пречека четиричлено семејство од Авганистан. Тие и’ се пожалија дека сакаат, но не можат да го продолжат патувањето. Само еден момент подоцна, таа беше опкружена од стотици мигранти, кои имаа желба да ја допрат, или, пак, да се фотографираат со неа. Џоли беше трогната од приказната на 12-годишно дете, кое на англиски јазик и’ раскажуваше за досегашното патешествие, а неговите сестри и’ подарија рачно изработена нараквица.

United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) Special Envoy Angelina Jolie visits a shelter for refugees and migrants at the port of Piraeus, near Athens, Greece, March 16, 2016. REUTERS/Michalis Karagiannis

„Помогни ни, Анџелина“, довикуваа бегалците додека таа си заминуваше.

Првично се очекуваше актерката да оди во посета на островот Лезбос, каде што има најголем дел од бегалците кои пристигнуваат директно од Турција во Грција, меѓутоа во последен момент плановите се сменија и таа продолжи кон Идомени за да ја увиди ситуацијата и условите во кои живеат речиси 15.000 бегалци.

United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) Special Envoy Angelina Jolie visits a shelter for refugees and migrants at the port of Piraeus, near Athens, Greece, March 16, 2016. REUTERS/Michalis Karagiannis

United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) Special Envoy Angelina Jolie visits a shelter for refugees and migrants at the port of Piraeus, near Athens, Greece, March 16, 2016. REUTERS/Michalis Karagiannis

United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) Special Envoy Angelina Jolie visits a shelter for refugees and migrants at the port of Piraeus, near Athens, Greece, March 16, 2016. REUTERS/Michalis Karagiannis

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top