| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Чола бил Дравко-Вака Здраво Чолиќ пее на германски(видео)

Здравко Чолиќ е еден од најдобрите пејачи од просторот на поранешна Југославија, но ретко кој знае дека тој има снимено песни и на германски јазик.

Имено дамнешната 1974 година, Чола потпишал договор со германскиот огранок на компанијата Ворнер Мјузик Груп, а за тамошниот пазар снимил и неколку синглови.

Германските продуценти сметале дека името и презимето Здравко Чолиќ се тешки за изговор, па решиле да му дадат уметничко име Дравко. Сепак Чола се откажал од опцијата за градење кариера во Германија, бидејќи не сакал да се пресели во оваа земја.

Сепак остануваат песните кои ги снимил на германски. Еве една од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top