Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи чествување по повод 40 години од смртта на Крум Тошев. Чествувањето ќе се одржи на 17 март (четврток) 2016 година, во спомен – собата ма Миладиновци во Библиотеката. За Крум Тошев ќе говорат проф. д-р Атанас Николовски и проф. д-р Димитар Пандев.
Крум Тошев е универзитетски професор, прв директор на Институтот за македонски јазик,славист, учебникар и член на Првата Комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик. Неговиот придонес за македонскиот литературен јазик е огромен. За него Блаже Конески ќе напише: Тошев е навистина голем.Тој е во основата на она што го нарекуваме македонистика и во потесна смисла наука за македонскиот јазик.
Како професор го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозофски факултет во Скопје. Коавтор е на првиот „ Македонски правопис со правописен речник“. Автор е на повеќе учебници и на голем број научни и стручни трудови за основните карактеристики на фонетскиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп ќе добие нов лик
-
Музејот на современа уметност доби Библиотека и истражувачки центар
-
„Влези во нов свет“ – Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата