Мајката на Ксенија Пајчин Љубивца Костиќ денес со семејството ќе одржи помен на гробот на пејачката, а нејзините пријатели велат не поминува ден без да се сетат на неа.
На денешен ден пред точно шест години е убиена пејачката Ксенија Пајчин. Неа во нејзиниот стан ја убил Филип Каписода кој потоа си пресуди и на себе си.
Денес на Новите гробишта во Белград ќе се собере нејзиното семејство и пријателите за да и одржат помен на убиената пејачка. Иако поминаа шест години од трагедијата, мајката на Ксенија Љубица се уште не ја симнала црнината затоа што за својата единствена ќерка тагува како и првиот ден.
Пријателите на Ксенија редвоно ја посетуваат Љубица со цел барем замомемнт да и ги тргнат мислите и ја развеселат колку е тоа можно. Помеѓу нив е модниот стилист Бане Девиќ, најдобриот пријател и кум на Ксенија.
-Со мајка и на Ксенија сум постојано во контакт и така ќе остане засекогаш. Со таа жена и пред тоа бев во одлични односи така што нашата комунакација не е обврска туке е природна. Годините повеќе не ги бројам, мене Ксенија ми недостасува секој ден. Таа ми бешенајдобриот пријател, нашата емоција беше преголема и никој не може да ја замени – кажал Девиќ и додал дека до пред неколку месеци го чувал и кучето на пејачката Милисав кој за жал умрел.
Ксенија Пајчин е убиена во нејзиниот стан на 16 март 2010 година. Нејзиното момче, црногорскиот манекен Филип Каписода, пукал во неа, по што и на себе си го одземал живото. Страотната глетка ја затекнала нејзината мајка Љубица која дошла по позив од соседите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.