| четврток, 6 декември 2018 |

Како принцот Чарлс го запозна Тито: Синот на кралицата Елизабета Втора ја посети СФРЈ во 1978 (видео)

Принцот  Чарлс ја посети Југославија во дамнешната 1978 година и тоа беше неговата прва посета на СФРЈ. Тој октомвриски ден авионот на принцот од Велс слетал во Дубровник.

Го пречекала свечената гарда на југословенската армија, а потоа синот на кралицата Елизабета Втора прошетал  низ градот. Ја посетил градската полиција и прошетал низ стариот дел од Дубровник.

princ-carls-u-sfrj-foto-youtube-1458115117-864853

Со Јосип Броз Тито се сретнал во Вила  Галеб.

princ-carls-u-sfrj-foto-youtube-1458115117-864841

Следниот град во кој заминува принцот Чарлс е Трогир. Тука го запознале со величествената архитектура на тој град.

princ-carls-u-sfrj-foto-youtube-1458115117-864845

princ-carls-u-sfrj-foto-youtube-1458115117-864847

Принцот од Велес ја посетил и планината Макљен. Сер Трој Меклин, инаку генерал на британската војка во Вторатат светска војна му објаснил на принцот Чарлс дека тука се одиграла една од клучните битки на партизаните на Тито со нацистите.

princ-carls-u-sfrj-foto-youtube-1458115117-864849

Инаку генералот Меклин во 1943 година бил испратен од страна на Винстон Черчил да ги предводи британските војници во тогашната Југославија во борбата против нацистите.

princ-carls-u-sfrj-foto-youtube-1458115117-864851

Во Белград принцот од Велс присуствувал на банкет приреден во негова чест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top