Класичен дебакл на протестот кој вечерва го организираше СДСМ. Само стотина партиски активисти и соросови платеници вечерва останаа пред Музејот на македонската борба откако увидоа дека граѓаните нема да дозволат Заев пред нивни очи да атакува на државните институции.
Сите граѓани кои СДСМ со автобуси ги носеше од Струмица и Куманово веќе тргнале кон дома. Си заминува и администрацијата која опозициската партија под притисок денеска ја извади на протестот.
На терен останал Петрит Сараќини и уште неколку активисти на СОРОС кои држат говори пред не повеќе од стотина граѓаните.
На другата страна пред Уставниот суд од момент во момент доаѓаат се повеќе граѓани и групата се зголемува. Граѓаните таму велат дека се задоволни што успеале вечерва да ги одбранат институциите.
-Нема да дозволиме Заев пред наши очи да ја урива државата. Остануваме тука колку што треба. Секогаш која ќе помислат дека можат да си играат со Македонија нека се сетат дека ние сме тука и тоа нема да го дозволиме – велат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.