Според најновото издание на американскиот магазин ОК, Дејвид и Викторија Бекам сепак се разведуваат после 16 години брак. Според магазинот станува збор за развод тежок милијарда долари.
-Откако со години работеа на подобрување на својот однос, не најдоа друг излез од ситуацијата во која се најдоа. Меѓутоа документите за развод се уште не се потпишани, бидејќи и двајцата се презафатени со своите кариери, а сакаат се да направат што подискретно-тврди извор на магазинот ОК.
-Многу бракови потклекнаа под притисок. Мислам дека тоа е причината поради која Викторија стана повлечена. Сега се во фаза кога се заситија еден од друг-рекол изворот.
Парот нема предбрачен договор што може да доведе до проблеми при разводот.
-Последното нешто што сакаат Викторија и Дејвид сакаат да направат е да го оштетат своето царство-алудирал изворот на нивното богатство. Парот има четири деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.