Пари Сен Жермен остана без трофејот во Купот на Франција, но уште поголем проблем за „светците“ претставува повредата што на финалето против Монпелје ја заработи Никола Карабатиќ. Најдобриот светски ракометар по мечот се пожалил на болка во мускулот на ногата, а деталните прегледи покажале дека повредата не е наивна.
– Станува збор за повреда на мускулот на левата нога за која ќе биде потребна пауза од неколку седмици – објави ПСЖ на својата официјална веб-страница.
Неофицијалните информации велат дека Карабатиќ сигурно ќе ги пропушти првите десетина дена од следниот месец. Олеснителна околност за таборот на ПСЖ е сигурно што како првопласирани во групата од Лигата на шампионите се слободни во осминафиналето. Тоа им дава дополнително време за рехабилитација на својот најдобар ракометар пред клучните битки за завршниот фајнал-фор турнир во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.