| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева го достави извештајот за сработеното до Собранието и до Советот на обвинители

Постапувајќи согласно членот 7 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Јавниот обвинител кој раководи со ова Јавно обвинителство – Катица Јанева денеска до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.9.2015 до 15.3.2016).

kolumna160-Katica-Janeva-1

ОД СЈО информираат дека од денеска во функција е нова интернет страница: www.jonsk.mk  каде може да се најдете текстот од извештајот.

– Со оглед дека се уште немаме вработено лица кои ќе можат да извршат превод на содржините од интернет страницата, ве известуваме дека преводот кој е на располагање е автоматски и не е соодветен и во најскоро можно време ќе бидат извршени корекции – велат од СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top