| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена тајната на Бермудскиот триаголник: позната причината за исчезнувањето на бродовите и авионите (видео)

Откритието на огромни подводни кратери на дното на Баренцовото море може да биде објаснувањето на големата мистерија за исчезнувањето на бродовите и авионите во Бермудскиот триаголник.

Научниците пронашле кратери на дното на Баренцовото море кои се широки 800 и длабоки 45 метри. Се претпоставува дека тие настанале благодарејќи на големи количини метан, кој најверојатно дошол од брегот на Норвешка, која е богата со плин.

– Метанот долго се таложел и на крајот експлодирал оставајќи зад себе огромни дупки во централниот и западниот дел на Баренцовото море, изјави еден од научниците од Арктик универзитетот во Норвешка.

Подрачјето каде се наоѓаат кратерите претставува потенцијален голем ризик по пловидбата на бродовите во Баренцовото море бидејќи се работи за веројатно најголемото жариште на метан кој се ослободува во плитка вода.

bermudski-trougao

Научниците сметаат дека слична ситуација би можела да биде и во подрачјето на Бермудскиот триаголник кој се наоѓа помеѓу Бермудите, Флорида и Порторико, на кое до сега исчезнале десетици бродови, но и авиони.

Рускиот научник Игор Јелцов изјави дека Бермудскиот триаголник настанал како последица на реакција на метан.

– Овие реакции можат да бидат многу силни, како нуклеарни. Тоа допринесува за загревање на океанот и потонувањето на бродовите во водите помешани со голема количина плин, заклучи тој, а пренесува Дејли Меил.

Screenshot_2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top